Работилници во организација на Институт за белодробни заболувања и туберкулоза
Почитувани,
Во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје на ден 06-07.05.2016 ќе се одржи дводневна работилница под покровителство на Министерството за здравство, а организирана од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија (ГФАТМ) и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Работилницата е акредитирана од МЛД и ЛКМ.
За учесниците на работилниците кои не се од Скопје обезбедено е сместување и надомест на патните трошоци во висина на повратна автобуска карта. За учесниците кои се од градот Скопје исто следува надомест на патните трошоци.
Работилницата започнува во петок (06ти Мај) во 13:30 часот.
Ве молиме да го потврдите учеството на тел: 078 481722, ili e-mail: anapaunova@yahoo.com, лице за контакт Ана Паунова, најдоцна до среда 04.05.2016.




