Семинари за ХПВ вакцинација
Почиувани колеги,
Институтот за Јавно здравје и Министерството за Здравство во рамките на превентивната програма за 2011 година имаат задача да спроведат Национална кампања за ХПВ вакцинација.
Оваа програма вклучува едукација на матичните лекари и лекарите од превентивните тимови во целата држава и за таа цел ќе се одржат 14 семинари.
Првиот семинар е закажан за 25.08.2011, четврток, во просториите на општината Чаир каде што се опфатени лекарите од Чаир, Бутел и Шуто Оризари. Се повикуваат сите лекари да присутствуваат на овие семинари.
На ден 31.08.2011 ХПВ семинарот ќе се одржи во ОУ Љубен Лапе од 14 до 16 часот.
III – семинар е закажан на 06.09.2011 година во 14:00 часот, во Институт за јавно здравје на Република Македонија.
IV – семинар е закажан на 07.09.2011 година во 14:00 часот, во старите простории на општината Карпош, во барака број 5.
Поканата и агендата за сите семинари можете да ги симнете на следните линкови:
Со почит,
Институт за јавно здравје
ДО
МАТИЧНИ ЛЕКАРИ ВО ПРИМАРНА
ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА,
ПРЕВЕНТИВНИ ТИМОВИ,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ПРИВАТНИ ЛЕКАРИ,
ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛЕКАРИ ПО
СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА ПРИ МЛД
Предмет: Покана за семинар
Почитувани,
Министерство за здравство на РМ, согласно Програмата за работа на Секторот за превентивна
здравствена заштита и Институтот за јавно здравје согласно Програмата за јавно здравје во РМ
за 2011 година, во врска со Националната кампања за ХПВ вакцинација организира семинари на
тема:
„ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ
ВИСТИНА“?
Предвидени се 14 семинари во сите региони во РМ, истите ќе бидат акредитирани од Лекарска
Комора на Македонија и ќе носат одреден број на бодови. Семинарите се наменети за лекарите
од општа пракса и лекарите од превентивните тимови кои треба да добијат едукација базирана
на докази во врска со бенефитот од ХПВ вакцината. Трибината ќе се одвива со следниов
Дневен ред:
Епидемиолошки аспекти на ХПВ инфекција
Д-р Гордана Кузмановска, Институт за јавно здравје на
Република Македонија
Воведување на ХПВ вакцина во Република
Македонија
Прим. д-р Јованка Костовска, Министерство за
здравство на Република Македонија
Вакцинација против ХПВ како примарна
превенција против ракот на грлото на матката
Д-р Горан Димитров, Универзитетска гинеколошко-
акушерска клиника Скопје
Ве молиме, за задолжително присуство на семинарите кои ќе се одвиваат во период од 14,00-
16,30 часот, а за местото и датумот навремено ќе бидете известени од колегите од Центрите за
јавно здравје.
Ви благодариме за соработката.
ВД Директор
Ас. д-р Шабан Мемети
Коментари5 коментари






Семинари на тема: „ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ ВИСТИНА“? се наменети за лекарите од општа пракса и лекарите од превентивните тимови.
VI–от семинар е закажан на 20.09.2011 година во 14:00 часот, „Зграда на општина Охрид“- сала за состаноци.
Семинарите се акредитирани
Организатори – Министерство за здравство и Институт за јавно здравје на РМ.
Семинари на тема: „ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ ВИСТИНА“? се наменети за лекарите од општа пракса и лекарите од превентивните тимови.
V–от семинар е закажан на 15.09.2011 година во 15:00 часот, Амфитеатар на Тетовскиот медицински факултет, Клиничка болница – Тетово
Семинарите се акредитирани
Организатори – Министерство за здравство и Институт за јавно здравје на РМ
Сектор за промоција, анализа и следење на незаразни болести и Сектор за контрола на заразни болести од Институт за јавно здравје на Република Македонија, во соработка со Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерство за здравство, организираат семинари на тема: „ХПВ ВАКЦИНА ВО ПРЕВЕНЦИЈА НА РАКОТ НА ГРЛОТО НА МАТКАТА – ПРЕДРАСУДИ ИЛИ ВИСТИНА“? кои се наменети за лекарите од општа пракса и лекарите од превентивните тимови.
III – семинар е закажан на 06.09.2011 година во 14:00 часот, во Институт за јавно здравје на Република Македонија.
IV – семинар е закажан на 07.09.2011 година во 14:00 часот, во старите простории на општината Карпош, во барака број 5.
На ден 31.08.2011 ХПВ семинарот ке се одржи во ОУ Љубен Лапе од 14 до 16 часот.
Pocituvani,
Na rasporedot za seminari ne pisuva kade tocno ke se odrzuvaat seminarive. Konkretno me interesira kade tocno vo koja ustanova ke bide seminarot za opstina Kisela voda i Aerodrom.
Vi blagodaram odnapred,
Ole