Да се зголемат платите порачаа денеска приватните лекари од Велес

Зголемување на платите на лекарите во Македонија, формирање на здравствен пакет, креирање на национална стратегија за здравствениот сектор во наредните 10 до 20 години и јакнење на свеста кај граѓаните за рана превенција и детекција на голем број заболувања. Ова денеска , одбележувајќи го светскиот ден на здравството, го порачаа приватните лекари од еснафското здружение во Велес.

„Ние навистина треба сериозно да размислуваме затоа што причината поради која си заминуваат во странство нашите лекари не зависно од кое ниво на здравство се, дали примарно, секундарно или терцијално , е висината на платата, начинот на функционирање на здравствениот систем професионалното достигнување и изградување како личност на секој професионалец. Сметам дека во иднина имаме уште многу теми со нашите партнери како што се Фондот за здравство и ресорното министерство, за тоа во кој правец треба да се движи здравството во државата“, рече претседателката на Здружението на приватни лекари Лили Чолакова дервишова.

Приватните лекари се задоволни од поддршката што ја добиваат од државата но сметаат дека се уште треба да се разговара за статусот на здравствените работници. На денешната средба, по повод денот на здравството, 7 април, велешките лекари добија гратис презентација за употребата на марихуаната во медицински цели.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари