Дно!

Почитувани колеги Доктори,

Во изминатиов период ЗПЛРМ е под постојани напади од одредени структури и лидери на здруженија на доктори. Не би го напишала текстов, ако не се стигнеше до ДНОТО на нивното однесување.

Имено, до ЛКМ, до Комисијата за акредитација, постојано пристигнуваат писма и мејлови за да се поништеле работилниците на ЗПЛРМ, дека не биле квалитетни, дека траеле 15 минути, дека предавачите не биле квалитетни и да ни се прати контрола на работилница.

Замислете, ова го пишува доктор за доктор, за колеги . А во дел од Македонија предавачи се точно луѓето кои се излезени како специјалисти по семејна медицина. Прашањето е како станале специјалисти ако не се квалитетни, има ли критериум за квалитет на доктор предавач? ДНО!

Требаше да дојде Претседателот на тоа здружение на средба во ЛКМ, но не дојде за да се соочиме и да се прашаме кој им е проблемот. ЗПЛРМ ИМА СТАВ и не пишува писма против колеги и здруженија.

На работилниците во Крива Паланка имавме контрола од ЛКМ за квалитетот и времетраењето на истите. И замислете не траеја 15 минути, предавачите беа крајно професионални и колегите членови на ЗПЛРМ добија прекрасни предавања со по 8 бода акредитација. Гратис беше предавањето за Канабис Сатива за кое имаше огромен интерес.

Знаете, во 1948 се ликвидирани најреволуционерните луѓе кои биле тогаш во Македонија, однесени се на Голи Оток, сета интелегенција, па во најголем дел во нашава држава останале луѓе кои биле кодоши, шпиони и безрбетници. И бидејќи само ГЕН не може да се оперира, генетскиот фактор си ја направил својата работа со потомците на тие
луѓе.

Јас како Претседател бев дадена на Етичка комисија, на Суд на честа, ангажирани адвокати, па се активираше пак Комисија за заштита на конкуренцијата и се ова не е случајно. Премногу случајности не се случајни!!!

Почитувани ДОКТОРИ,

во наредниот период треба да се случат избори во ЛКМ. Апелирам и Ве замолувам Вие да ги изберете колегите кои ќе ги бранат Вашите ставови и барања пред институциите кои се грижат за напредок на здравството и за нашиот
статус во оваа наша мала прекрасна земја. Нека бидат колеги кои ќе имаат став, кои ќе бидат непоколебливи и кои нема да гледаат за лични интереси да си ја продаваат фелата.

Единството на лекарската фела е нашиот најјак адут.

Професионалните барања треба да се на прво место секогаш. Сега се зависи од сите Вас каква ќе ни биде идната ЛКМ.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари