Конечно упатство за реализација на цели за 2016
Почитувани,
На следните линкови можете да го превземете конечното упатство за реализација за цели 2016 година. Исто така, можете да ја превземете табелата за цели (прилог Пл) како и сите обрасци. Истото како интегрален текст со сите прилози како официјален допис од ФЗОМ можете да го превземете и во ПДФ форма.
22.12.2015 УПАТСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЦЕЛИ 2016 -2017 конечно копија(1)
Tабела за цели за 2016 година – opshta (2)
Oбразец за превенција на дијабетес од 35 до 56 год.
Rano otkrivanje na deformiteti na rbet
Rano otkrivanje na poremetuvanje vid,sluh,govor
Образец за превенција на КВЗ од 35 до 56 год.
Образец за превенција на нефролошки заболувања од 35 до 56 год.
Сумарно придобивките од новите цели се следните:
1.Намален е опсегот на осигурениците, наместо 14 до 65 години сега опсегот е од 35-56 години возраст. Ова е направено поради попрецизно таргетирање на популацијата, односно согласно нашите анализи оваа старосна група е најподложна на добивање на едно од трите заболувања и е соодветна за концептот на превенција. Како што знаете превенцијата претставува проценка на ризик од добивање на заболувањата во наредните 10 години.
2.Намален е опфатот на осигурениците, наместо досегашните 100% во две години, сегашниот опфат е 90% во две години. За претходниот циклус 2014-2016 потребна беше скрининг превенција на 1.300.000 осигуреници во две години. Сегашниот опфат е околу 500.000 осигуреници во две години.
3.Лабораторијата е со зголемено времетраење и за остварување на целите се признава Лабораториски резултат не постар од 120 дена од денот на започнување на реализација на целта. (досега беше 90 дена)
4.Резултатот од извршен ЕКГ важи 60 дена до започнување на реализација на целта. Досега беше потребно при започнување на реализација да се прави ЕКГ испитување, сега доколку осигуреникот има направено ЕКГ но не постаро од 60 дена му се признава.
5.Поканата за извршување на превентивен преглед заверена преку пошта, ќе важи за реализирана цел доколку осигуреникот не се појави за превентивен преглед кај неговиот матичен лекар.
6.Воведени се две цели за педијатрите. Поради зголемување на старосната граница за превенција од нефролошки и кардиоваскуларни заболувања и дијабетес од 14 на 35 годишна возраст, младата популација останува непокриена со превентивни мерки и активности. Затоа од оваа година се воведуваат две нови цели: 1. Рано откривање на пореметувања во видот, слухот и говорот за деца од 3 до 6 годишна возраст како и 2. рано откривање на деформитети на рбетниот столб за деца од 6 до 14 годишна возраст. Овие две цели до 01.09.2016 година, доволно е да се водат хартиено т.е. во локален софтвер, а со унапредување на порталот ќе можат да се пополнуваат електронски без обврска за хартиено чување.
Секторот за ИТ ќе ги извести сите софтверски куќи, а воедно упатството заедно со обрасците ќе бидат објавени на веб страната на ФЗОМ во делот на примарна здравствена заштита – општа медицина анекси 2016 година.
Со Почит,
ФЗОМ




