Нови поволности за лекарите
Дел од казните за матичните лекари ќе се укинат, а дел ќе се намалат – нови поволности во работењето на матичните лекари и стоматолози…

Три капитации ќе им се одземат на матичните лекари и стоматолози кои ќе се обидат да профитираат на сметка на пациентите – одлука на Фондот за здравствено осигурување во договор со фелата. Некои казни ќе се зголемуваат, некои ќе се укинуваат. Прва мерка – опомена. Од лекарската комора велат дека 1.500 лекари ќе ги почувствуваат бенефитите од новите мерки.
„Се надевам дека ќе продолжат преговорите со гинеколозите кои се инкорпорирани во примарната здравствена заштита и дека со нив ќе се постигнат нови договори кои ќе означуваат олеснување“, вели д-р Кочо Чакалароски – претседател на Лекарската комора.
Се регулира и боледувањето на лекарите.
„Тоа е топ инфортмација за целото наше членство заради тоа што сметаме дека сите се на возраст, односно во различни години, така што и тие се разболуваат. Другата важна информација е дека буџетот за препишување на хронична терапија се зголемува од 400 на 480 денари“, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружение на приватни лекари.
Новите анекси на договорите ќе важат од идната година.
„Целта на релаксирање на казнената политика и воведување на опомената како прва мерка е од особена важност за зајакнување на партнерските односи со матичните лекари. Опемената ќе замени голем дел од казните од Фондот кои се изрекуваа за технички грешки на матичните лекари“, изјави Сашо Стефаноски- директор на ФЗОМ.
Од Фондот за здравство најавуваат засилени контроли по воведувањето на новите мерки.




