Реакција по повод нападот на докторот во Скопје – ЗПЛРМ Кочани
ОО на ЗПЛРМ Кочани на ден 11.11.2015 одржа состанок на кој се разговараше за состојбата на докторите во Македонија.
Како и повеќето доктори во Македонија заклучивме дека:
1. Докторите како луѓе кои ја имаат најхуманата професија се нај небезбедни на своите работни места. Секојдневно се на удар од нервозни пациенти, нивните фамилии, крадци и други насилници.
2. Приватните амбуланти, докторите и нивниот технички персонал се издвојуваат како посебно незаштитени.
3. После инцидентот кој што се случи во клиниката за абдоминална хирургија, во дворот на ЈЗУ Општа Болница Кочани се наоѓа полициско комбе кое што наводно ќе ги брани нашите колеги.
4. Изразуваме жалење за немилиот настан и желби за побрзо оздравување на колегата од абдоминална хирургија.
5. Апелираме до сите доктори да имаат поголема соработка со медиумите со цел да се искажат сите наши проблеми во нашето работење, се со цел да бидат известени нашите пациенти.
6. Нашите претставници од ЛКМ, МЛД и ЗПЛРМ да се поактивни во медиумите.
7. Да се организира јавна расправа за донесување на закон за заштита на правата на лекарите, а не да се донесува набрзина повелба.
ЗПЛРМ – Кочани




