Реакција од ЗПЛРМ Битола за вчерашниот инцидент на Клиниката за Хирургија
Реакција на здружението на приватни лекари – Битола
Вчерашниот грозоморен чин го осудуваат сите приватни доктори од Битола и е срам не само за докторската фела, туку и за нашата земја која се стреми кон европски норми и стандарди.
Ваквите инциденти се недозволиви, особено имајќи предвид дека здравствените работници во својата дејност се залагаат за спасување човечки животи. Во таа смисла, никој нема право сопствениот револт да го искажува во форма на насилство кон докторите и останатиот здравствен персонал, а уште помалку користејќи огнено оружје.
Се надеваме дека здравствените власти ќе ја понесат моралната одговорност кон овој настан, а во иднина ќе има соодветна законска заштита на докторите во нашата земја.
ЗПЛРМ – Битола




