Осуда за нападот на колегата од Скопје – ЗПЛРМ Струмица

Почитувани,

Вчерашниот физички напад врз нашиот колега најостро го осудуваме. Во денешно време лекарите работат под закани и големи притисоци од сите свери на општесвото. Тие за жалост се оние кои мора покрај тоа што го лекуваат пациентот истовремено да ги амортизираат сите незадоволства на пациентите врз својот грб. И покрај сето тоа лекарот се труди професионално и одговорно да си ја врши својата рабоата.

Затоа бараме промена на кривичниот закон во кој секој напад на лекар кој стручно и професионално си ја обавува својата должност да добие највисока казна.

НАПАДОТ ВРЗ БЕЛИОТ МАНТИЛ Е НАПАД ВРЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ.

Истовремено бараме промена за законот за здравствена заштита во чија креација ќе учествуваат стучни и компетентни личности членови од сите лекарски здруженија и истиот да биде прифатен од пратениците во собранието со една единствена цел-ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА ЛЕКАРОТ во сите нивоа на здравствената заштита а истовремено со тој нов закон да ги мотивираме младите кадри да останат во нашата земја.

Да се биде лекар не е лесно.Треба да си одговорен, максимално стручен а истовремено пациентот да има во тебе целосна доверба. Мораме да признаеме дека сето тоа во денешно време под притисоците на секојдневието е целосно изместено од своето лежиште.

Затоа мораме СИТЕ СО сите наши капацитети да го вратиме сето тоа во една нормална состојба.

За тоа сме сите ние повикани и истовремено одговорни ПРЕД НАШИТЕ ДЕЦА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ИДНИНАТА НА ОВАА ЗЕМЈА.

Здружение на приватни лекари – Струмица

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари