Известување од ФЗОМ за реализација на цели преку покана
Почитувани, во врска со разногласие и недоумици околу реализација на превентивни мерки и активности (цели) преку испратена покана заверена во пошта би сакале да ве известиме за следново:
1.Доколку во 2014 пациент е реализиран со покана преку пошта, Во 2015 немате обврска да го поканувате повторно. Доколку тој пациент уредно сте го доставиле преку портал до ФЗО, тој пациент не се појавува во планираните за 2015 година. Доколку тој пациент не е доставен електронски преку портал, тој пациент ќе биде означен како нереализиран во 2015.
2.За да се надмине разликата од имињата за реализација за 2015 година постојат две опции: 1. Да се корегираат податоците за 2014 година и испратат преку портал или 2. Избраниот лекар да се води исклучиво по негова евиденција.
3.По барање на избраните лекари контролата ќе се врши според евиденцијата кај избраниот лекар, но обврската за корекција на целите за 2015 година кои се доставуваат преку портал останува да се направат до 15.11.2015 година. Обврската за корекција на 2014 година за реализираните цели преку портал како конечен датум е 15.02.2016 година. По овој датум 15.02.2016 година, податоците кај избраниот лекар за реализирани осигуреници треба да бидат идентични податоците на веб порталот, фондот ќе ги смета единствено податоците од порталот како меродавни.
4.Потсетување, 30.11.2015 година е последен датум за планирање и репланирање на цели за 2015 година.
Како дополнение: По барање на избраните лекари, се изврши корекција на патеките за реализација во делот на контрола од страна на порталот за број на факсимил од специјалист. Од 11.11.2015 година, софтверот на фондот нема да го проверува полето за број на факсимил од специјалист за испитувањата/реоцената за осигурениците со покачен ризик. Ова барање фондот го уважи поради тоа што одреден број на осигуреници по свое увидување, дополнителните испитувања/реоцена ги извршиле/вршат кај специјалисти кои немаат склучено договор со фондот.
Сите избрани лекари, треба единствено да се раководат во својата работа по известувања од фондот, доколку направиле грешки раководејќи се по укажувања и известувања од нивни колеги, истите треба да ги корегираат. Ова известување се испраќа до ЛКМ и ЗПЛРМ.
Со Почит, д-р. Ана Петрова и Бранко Аџигогов
ФЗОМ




