Реакција од Здружението на приватните лекари – Куманово по повод нападот врз лекарот хирург

Нападот врз лекарот – хирург е неприфатлив чин и за секоја осуда истовремено. Без да навлеземе во природата на проблемот и инцидентот, пациентите и медицинскиот персонал, сепак, треба да се придржат до правилата и меѓусебната соработка.

Лекарската етика секако е водич во работата на лекарите и секое нарушување на тоа правило може да се санкционира со инструменти кои ги предвидува секоја здравствена организација и важечките закони, но не и употребата на насилство од страна на пациентите врз лекарите.

Апелираме до сите чинители и надлежни да здравствените установи во иднина бидат безбедни за работа, а лекарите, пациентите и нивните семејства да ги следат упатствата кои ги обезбедуваат здравствените установи.

ЗПЛРМ Куманово

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари