ОТВОРЕНО ПИСМО ДО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
Дали знаете кој се грижи за здравјето на граѓаните на РМ?
МАТИЧНИОТ ДОКТОР
Дали знаете кој е базата на здравството во РМ?
МАТИЧНИОТ ДОКТОР
Предмет : Преиспитување на одлуката за намалување на капитациониот бод за матичните доктори
Почитувани
Во имато на матичните доктори на Република Македонија Ви се обраќаме со молба да преку својот претставник во Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување на Македонија,иницирате да се разгледа оправданоста на донесената Одлука за намалување на капитациониот бод од страна на УО на ФЗОМ на ден 29.03.2010 година.
Користиме прилика да Ве информираме дека на иницијатива на матичните доктори,кои се и членови на Лекарската комора на Македонија и на ЗПЛРМ,поdнесено е Барање и од страна на Лекарската комора на Македонија за преиспитување на истата одлука.Со цел да се согледа оправданоста на превземените мерки за надминување на состојбите во здравството,а како една од нив е и временото намалување на капитациониот бод, би сакале да ни дадете одредени одговори,следејќи го приложениот прашалник:
Антикризна мерка бр.3-намалување на капитациониот бод во Примарна здравствена заштита
1.Дали е намален бодот на докторите по стоматологија?
Да Не
Доколку одговорот е Не,Ве молиме појаснете зошто не е намален и дали знаете дека вршите двојно плаќање за деца и кај матичните стоматолози и кај превентивните тимови?
Антикризна мерка бр.2-трансформација на Здравствени домови во рок од 3о дена
2.Дали го отпочнавте процесот на приватизација на Здравствените домови во РМ?
Да Не
Доколку одговорот е Не,Ве молиме појаснете зошто?
Антикризна мерка бр.4-Утврдување на основен пакет на услуги,со рок 30 дена
3.Дали го донесовте основниот пакет на здравствени услуги?
Да Не
Доколку е одговорот Не,појаснете зошто?
Антикризна мерка бр.11
4.Дали се потпишани протоколите помеѓу МЗ,ФЗОМ и Здравствени установи ?
Да Не
Доколку одговорот е НЕ,појаснете зошто?
Сигурни сме да добрата фискална политика што ја води оваа Влада резултира со полнење на буџетот на РМ,што е добар предуслов Владата редовно и во согласност со потребите на граѓаните ги сервисира своите обврски кон ФЗОМ.Се надеваме да со заеднички дијалог ќе дојдеме до решенија кои ќе направат да имаме задоволни,доктори,задоволни пациенти и подобро здравство.
Со почит
Здружение на приватни лекари на Република Македонија









