Матични лекари: пациентите бегаат кај колегите кои со леснотија им препишуваат антибиотик

Дел од лекарската фела не бира средства за да го зголеми бројот на пациенти и така да добива повеќе пари од фондот. Игнорирајќи ги препораките околу построгото препишување на антибиотици, тие делат рецепти од ракав

Дојди кај мене јас ќе ти дадам лек – дел од лекарската фела не бира средства за да го зголеми бројот на пациенти и така да добива повеќе пари од фондот. Игнорирајќи ги препораките околу построгото препишување на антибиотици, тие делат рецепти од ракав. На овој начин лекарите кои се придржуваат до правилата ги губат пациентите. Тие се жалат дел од нивните колеги не се придржуваат до медицината базирана на докази и лековите ги препишуваат по желба на пациентите.

Од фондот за здравство велат дека имаат поставено лимит до кој матичните лекари може да препишуваат лекови. Со теренските контроли од фондот велат дека имаат увид во документацијата на лекарите и дека можноста за злоупотреба е сведена на минимум.

Министерството и Фондот за здравство имаат заеднички проект за рационална употреба на антибиотици. Во него има точно утврдени правила кога и за што треба матичниот лекар да препише антибиотик – овој вид лекови да се земаат при бактериски, а не при вирусни инфекции или вирози.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари