Известување за начинот на упатување на пациенти за анализа Спермограм на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје

Почитувани,

Ви се обраќаме со појаснување околу закажувањето за анализата спермограм (ЦГА 3), која пациентите можат да ја добијат во Андролошката лабораторија на ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје.

Доколку треба да се направи анализата спермограм, на пациентот треба преку системот Мој Термин, да му издадете Специјалистички субспецијалистички упат до специјалност/ апарат Спермограм во Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје

Упатувањето на пациенти за спермограм во Андролошката лабораторија при ЈЗУУ Клиника за гинекологија и акушерство може да биде од:

-Избраниот лекар ( од дејноста општа медицина) на мажот може да упати со образецот Специјалистички субспецијалистички упат, врз основа на препорака на избраниот гинеколог на жената

– Лекар ( уролог) од секундарно и терциарно ниво (специјалисти/субспецијалисти) може да упати со образецот Специјалистички субспецијалистички упат.

Заради правилно упатување и навремено извршување на оваа анализа потребно е да го информирате пациентот за следното:

-Пациентот претходно треба да има направено HIV тест но не постар од 6 месеци и истиот треба да го носи на закажаниот термин

-На денот на анализата пациентот треба да има апстиненција од 2-4 дена

За сите дополнителни прашања може да се обратите на телефонските броеви (02) 3147458 и 3228440 во периодот од 08:00 до 12 часот.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари