Информација за специјалистички пилот ординации
Почитувани колеги,
во Скопје има специјалистички пилот ординации од различни струки кои работат во два програма и за да можат да ги внесат упатите од матичен доктор потребно е сите специјалистички упати да бидат пополнети со се како што треба – број на дневник, здравствен картон, основ на осигурување, матичен број, број на здравствена легитимација.
Колегите се пожалија дека добиваат специјалистички упати кои не се целосно пополнети и заради тоа имаат проблем. Се надевам дека ова соопштение ќе допринесе да се корегираат неправилностите.
Со почит до сите колеги,
Д-р. Лилија Чолакова Дервишова




