Реализација на цели – среден ризик
Почитувани колеги,
На пациентите со среден ризик мора сами да им направиме реоценка. Не ги праќаме на специјалист.
Целите што ни ги врати ФЗО за КВЗ со среден ризик ќе ги реализирате на следниот начин:
Влезете на прегледот кога ви е реализирана целта со среден ризик. Одреализирајте ја и на патеката бр.2 каде што прашува дали е испратен на специјалист ќе кликнете НЕ. Потоа запиши и повторно кликате реализирана цел.
На овој начин, целите со среден ризик ќе се прифатат во ФЗО.
Со почит,
ЗПЛРМ




