Утре 200 хронично болни ќе добијат повик од ФЗОМ – Ова ќе бидат прашани

Дали бевте кај матичниот стоматолог?
Знаете ли дека треба да го посетите најмалку два пати годишно?
Направивте ли редовен тест на урина?
Дали бевте на очен лекар?
Ова се само дел од прашањата кои телефонски ќе ги добиваат дијабетичарите во земјата од вработени во Фондот за здравство.

Во текот на утрешниот ден на списокот се 200 хронично болни кои ќе добијат повик. Покрај пациенти со шеќер има и со кардиоваскуларни и нефролошки заболувања. Разговорите е предвидено да траат од 5 до 10 минути. Од 154 000-те регистрирани хронични болни има и деца од три годишна возраст но и старци над 101 година.

Фондот за здравствено осигурување од утре ја почнува грижата за хронично болните. Линиите во кол центарот ќе бидат вжештени. Вработените не само што ќе им укажуваат на пациентите дека треба да отидат на лекар туку ќе добија ти совети за комликациите од болеста доколку не бидат дисциплинирани. 10-те тимови од Фондот од кои дури три се во Скопје се подготвени со потребните информации кои треба да им ги пласираат на хроничните пациенти. На пример, оние кои имаат кардиоваскуларни заболувања ќе слушнат дека мора редовно да го контролираат крвниот притисок и да имаат физичка активност најмалку 5 до 7 пати неделно во траење од 30 до 60 минути.

-Со константно јавување и потсетување сакаме да ги убедиме овие лица редовно да примаат терапија, да прават редовни контроли, едноставно да прифатат дека болеста иако во моментот не им предизвикува тежина во секојдневното функционирање, доколку не се грижат за своето здравје, редовно не вршат контроли и не се досциплинирани во примањето терапија, во иднина може да имаат сериозни последици, како што се срцеви и мозочни удари, дијализа и останати компликации, изјави Сашо Стефановски директор на ФЗОМ. Во Фондот веќе ги имаат поделено овие пациенти по ризичноста. Предвидено но е еден пациент да добива повик на секои 6 месеци.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари