Грешки од xml за превенции – ФЗОМ
Почитувани,
После направената валидација на електронски доставените податоци за превентивни цели, дел од податоците кои што не ги поминаа електронските контроли се означени за невалидни. Во прилог ви доставуваме табела со список на невалидно доставените податоци за превентивни цели, за секоја од целите соодветно. Податоците за осигурениците од листата треба да ги доставите во нов xml фајл со истата структура преку порталот на Фондот.
Со самото прикачување на овие податоци, ќе се изврши валидација на истите преку порталот, со што ќе се прикажат причините за невалидност на ставките, при што треба соодветно да се извршат корекции на истите и повторно да се достават преку порталот на Фондот, се до финално прочистување на грешките.
Грешките се прикажани со опис согласно описот на грешки во Корисничкото упатство за нови функционалности за превенции кое е во прилог на овој маил.
Preventivni celi – novi funkcionalnosti
Доколку се појави грешка со опис “Непочитување на правилата за пополнување на образецот- целта не е реализирана согласно напатствијата на образецот”, за да го корегирате записот потребно е да ги следите упатствата од документот Превенции- Правила, кој е исто така доставен во прилог.
Овој докумет е алгоритамски приказ на реализирање на целта согласно образаецот. Напоменуваме дека доколку имате вакви грешки тоа значи дека целта не е дореализирана и фали некој податок од образецот за да се реализира. Алгоритмот е доставен и до вашите софтверски куќи со цел усогласеност на локалниот систем и централниот систем на Фондот.
Корегираните податоци треба да бидат доставени преку порталот на Фондот најдоцна до 10.10.2015та година.
Со почит,
ФЗОМ




