Повик за невработените лица
Согласно измените во Законот за придонеси од задолжителното социјално осигурување и Законот за здравствено осигурување, од први септемви 2011 година, ќе важат нови правила за здравствено осигурување на невработените лицa.
Повеќе можете да прочитате на следниот линк:
Коментари (1)





Почитувана Претседателке,
Јас ви советувам уште сега озбилно да го сфатите проблемот со пререгистрацијата на невработените лица зошто може,а и најверојатно тоа ќе се случи,да кога ги добиеме фактурите за месец септември,многу непријатно да се изненадиме.Најверојатно сите ќе имаме фактури за 10 % помали од претходниот месец.Имено ,оваа е обимна акција која што треба да се изведе и мислам дека Фондот одбрал многу лош тајмниг,т.е. летните месеци и време на одмори за изведување на ова операција.Според мене ,иако сакам да нагласам дека оваа мерка во потполност ја подржувам,сметам дека најголема КОЛАТЕРАЛНА ШТЕТА од спроведувањето на оваа мерка ќе бидеме ние матичните доктори со добивање на фактури за септеврми доста помали од досегашните(според пресметката што јас ја правев најмалку за 10 %)Значи и покрај сите реклани и известувања за да се анимираат овие лица да дојдат и да се пререгистрираат , јас мислам дека половината од нив нема да ја извршаат оваа должност поради факторите што ги споменав погоре во текстот, на што и ја темелам оваа моја пресметка.
Затоа ,уште еднаш апелирам до Претседателката,да седне со Директорката на Фондот,да и укаже на проблемот кој ќе се појави во септември, и да најдат воља,сили и интерес да го решат , а се со цел да не се соочиме со овој проблем и тој да не предизвика неоправдано незадоволство кај нас матичните доктори.
Благодарам за разбирањето!