Сме испиле над 10 милиони кутии лекови, најчесто за зголемен притисок

Најмногу се пие лекот за зголемен крвен притисок „еналаприл“ – годинава биле издадени речиси милион кутии, а од здравствената каса најмногу пари – 59 милиони денари – се одлеваат за лекот за намалување на мастите, а веднаш по него е лекот за простата, за кој биле потрошени 50 милиони денари од јануари до јули, покажува полугодишниот извештај на Фондот за здравство, кој вчера беше презентиран.

Според бројот на реализирани рецепти, искористеноста на лековите годинава пораснала за 10,4 отсто, а исплатени се 7,9 проценти повеќе пари. Од јануари до крајот на јуни годинава биле реализирани 10.516.229 рецепти во вкупен износ од 1.206.274.075 денари.

Според последните анализи на Фондот, граѓаните во земјата испиле дури 80.000 кутии лекови за смирување повеќе отколку лани и тоа само во првите шест месеци од годинава кога во аптеките биле реализирани 502.105 рецепти во однос на ланските 425.129.

За среќа, се намалува употребата на антибиотици – наспроти издадени 281.000 кутии од лекот „амоксицилин“ – клавуланска киселина во минатата година, од јануари до јули аптеките издале за 7.000 кутии помалку од овој лек, односно 174.000.

На прашањето зошто е зголемена употребата на лекот за смирување „дијазепам“ кај нашите граѓани, матичните лекари појаснуваат: – Забележуваме дека е голем бројот на специјалистички извештаи каде што, покрај другите лекови, како миорелаксант најчесто се препорачува овој лек, и тоа за опуштање на мускулатурата кај дископатии, лумбоишијалгии. Значи, ние потоа лекот го препишуваме на рецепт и за овие, а не само за смирување анксиозни состојби, невротични испади и друго – појаснува д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватните лекари на РМ.

Инаку, според потрошувачката на лекови по групи, води АТЦ-групата со препарати за кардиоваскуларниот систем – биле реализирани дури 4,5 милиони рецепти во износ од 332.119.041 денари.

http://dnevnik.mk/?ItemID=1C277E5B81DC294B90FF8D338834626F

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари