Не пијте ледени пијалаци и не шетајте надвор на жешкото

Во најголем број од случаите пациентите сами ги предизвикуваат здравствените проблеми со пиење ладни пијалаци или со седење со часови во простории изладени со клима-уреди, велат докторите

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА ФАЗА

Пациенти од сите возрасти ги полнат деновиве клиниките и амбулантите поради проблеми со покачена телесна температура, пролив, повраќање. Докторите велат дека во најголем број од случаите пациентите сами ги предизвикуваат здравствените проблеми со пиење ладни пијалаци или со седење со часови во простории изладени со клима-уреди.

Центарот за управување со кризи завчера информира дека целата територија на државата е на нивото алерт 1 или жолта подготвителна фаза, поради високите температури што се невообичаени за овој период од годината.

Не јадете солена храна

Д-р Лили Чолакова, претседателка на Здружението на приватни лекари, вели дека граѓаните сами се доведуваат во ситуација да се разболат и дека не станува збор за пренесување вируси од други лица.

– Температурите се високи и таквата состојба долго трае. На толку високи температури не треба да се пијат ладни напивки, бидејќи тоа му прави шок на организмот. Луѓето пијат напивки со многу мраз, а телото има температура од 36-37 степени, па тоа предизвикува вистинско нарушување во организмот. Кога постојано пиете ладни пијалаци, се нарушуваат метаболистичките процеси. Затоа сѐ што консумираме од фрижидер треба прво да отстои на собна температура. Искуствата покажуваат дека пациентот бил здрав-прав, но консумирал ледена вода и јадел ладна лубеница, па самиот се довел во ситуација да му се појават гнојни чепови во грлото – вели д-р Чолакова.

Исто така, според неа, не треба да се јаде солена храна, бидејќи таа го качува притисокот и прави да има задршка на течности во организмот.

– Си има човековиот организам механизми како да се заштити, но овие препораки мора да се следат. Во најжешкиот период треба да се избегнува движење. Климите исто така прават големи здравствени проблеми. Во канцелариите кај што има повеќе вработени клима-уредот се става на 16 степени, а надвор температурата е 40 степени. Ако некому му дува клима осум часа во грбот, тој добива или бронхопневмонија или бронхитис. Најголем број фабрички работници се жалат на вкочанетост и болки во градите, а сето тоа е од клима-уредите – додава докторката.

Најмногу проблеми поради салмонела

Овој период од годината најмногу има стомачни вируси, информираат на Клиниката за инфективни болести.

– Сo оглед на високите температури, кај нас периодов доаѓаат пациенти со гастроинтестинални симптоми – пролив, повраќање, гадење. Некои од нив имаат стомачни вируси, а има и такви со бактериски инфекции. Некој рапиден пораст на пациенти, не бележиме. Имаме доста пациенти што сами си доаѓаат директно кај нас, без претходна посета на матичен лекар. За бактериските инфекции, причина е салмонела најчесто. Има поединечни случаи на труења со храна, а има и цели семејства што се затруле со храна.

Превенцијата е одржувањето лична хигиена, миење раце, да се внимава од каде се пие вода, како и да се внимава како се приготвува и како се јаде храната – вели д-р Сања Петрушевска-Маринковиќ од оваа клиника.

Сушете ја косата по капење

Докторите препорачуваат граѓаните што се на летување да следат неколку препораки за да се заштитат.
– Задолжително треба да се суши косата по секое капење, бидејќи се отворени порите. Треба да се избегнува капење во ладни води, костумот за капење да не се суши на телото, туку да се промени. Со овие препораки човекот самиот може да се заштити. Топлото време предизвикува потешка адаптација на телото, губење електролити и течности и затоа мора да се внимава – велат лекарите.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари