Тодоров:Дежурни лекари за мигранти само во криза

Матичните лекари ќе дежураат на грчка граница, но само во случај на црно сценарио. Вака Министерот за здравство Никола Тодоров ја дообјасни наредбата за лекарите од Гевгелија, Валандово, Дојран и Богданци преку дежурства на железничката во Гевгелија да им помагаат на изнемоштените и повредени мигранти. Иако фондот пред десетина дена им испрати и распоред, сега Тодоров вели дека тоа било сценрио, но само за во криза.

-Пред десет дена, 23 од 25 приватни лекари од пограничните општини потпишаа петиција со која се противат на одлуката за дежурства. Објаснија дека амбулантата каде треба да ги лекуваат мигрантите не е соодветна и опремена. Од еснавското здружение велат дека по нивната реакција одлуката е повлечена.

Инаку секојдневно лекарски екипи и Црвениот крст имаат по неколку десетици стотици интервенции во бегалскиот пунк. Хуманитарните организации апелираат амбуланта да се постави на граничниот пункт, а не на железничката во Гевгелија, оти сега таму нема ниту еден мигрант.

Линк до видеото: http://telma.com.mk/vesti/todorovdezhurni-lekari-za-migranti-samo-vo-kriza

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари