Упатство за реализација на превентивни мерки и активности
Почитувани,
На следниот линк можете да го превземете новото упатство за реализација на превентивни мерки и активности кај избраните лекари од општа медицина. Во истото се вметнати укажувањата од ЛКМ и ЗПЛРМ.
Воедно, на следниот линк можете да го превземете и дописот со кој избраните лекари од општа медицина oд 01.07.2015 година се ослободуваат од печатење на хартиени обрасци за реализација на превентивните цели. Обрасците за превенција се дополнети со напомена за верификација од избраниот лекар/овластеното лице од ПЗУ без потреба за верификација од осигуреникот. Овие документи ЛКМ потребно е да ги достави до соодветните групи за избрани лекари од општа медицина, ЗПЛРМ да ги постави на нивниот веб сајт за информирање, а Фондот преку електронска пошта ќе ги достави до сите избрани лекари кои имаат склучено договор со ФЗОМ како и до софтверски куќи кои го изработуваат локалниот софтвер на лекарите. Новите олеснувања предвидени со упатството за реализација на целите ќе бидат преточени и во упатството за вршење на контрола на цели кај избраните лекари наменето за контролорите за фондот и подрачните служби.
Образец за превенција и рано откривање на дијабетес мелитус од 14 до 65 годишна возраст
Образец за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни заболувања од 14 до 24 годишна возраст
Образец за превенција и рано откривање на кардиоваскуларни заболувања од 25 до 65 годишна возраст
Образец за рано откривање на нефролошки заболувања од 14 до 65 годишна возраст
Со Почит,
ФЗОМ




