Соопштение бр.16
По повод изјавата на Министерот Бујар Османи, дека во Македонија нема превенција за анемија и дека треба да се прават проекти за превенција на анемијата, направена е реакција од страна на претседателот на ЗПЛРМ.
Превенција на анемијата во Македонија прават матичните доктори, педијатрите и гинеколозите во договор со Фондот за здравство.
Исто така, најголем проблем кај населението е што кај голем број од нив немаат доволно финансии за да имаат исхрана богата со месо. Ова е дел од изјавата за Време. Направена е и друга изјава пред медиуми. Изјавата беше пуштена само на МТВ1.
Од страна на Д-р. Лилија Чолакова Дервишова беше кажано дека мора да има реформи околу целата превенција во РМ. Мора да се направат и реформи на ниво на свеста кај пациентите.
ЗПЛРМ бара превенцијата да ја земат домовите за јавно здравје и докторите да бидат платени 100% за прегледите. Пациентите, исто така ќе мора да го штитат Фондот, така што и самите ќе бидат свесни за своето здравје.
Министерството ќе мора да каже дека ако еден маж до својата 45-та година не направи превентивен преглед на простата, а се појави некоја патолошка промена, тогаш приватно ќе си плати, итн.









