Измени на закон за лекови

Почитувани колеги,

На следниот линк можете да ги превземете измените на законот за лекови.

Измени на законот за лекови

Посебно обрнете внимание на новиот член 156ѓ. Значи, за сите лекови кои се со режим на издавање “со лекарски рецепт“ треба пациентите да достават уредно пропишан комерцијален рецепт.

Член 65

По членот 156-д се додава нов член 156-ѓ, кој гласи:

“Член 156-ѓ

Аптеката или аптекарска станица која ќе издаде лек без рецепт, а кој согласно со одобрението за ставање во промет е на режим на издавање „со лекарски рецепт”, согласно со одредбите од членот 13 став 3 од овој закон, ќе се казни со парична казна во висина од 5.000 евра во денарска противвредност.

Доколку аптеката или аптекарска станица по вторпат го повтори делото од ставот 1 на овој член, ќе се казни со парична казна во висина од 10.000 евра во денарска противвредност и ќе и се одземе лиценцата за вршење на здравствена дејност за период од три месеци.

Доколку аптеката или аптекарска станица по третпат го повтори делото од ставот 1 на овој член, ќе се казни со парична казна во висина од 20.000 евра во денарска противвредност и трајно ќе и се одземе лиценцата за вршење на здравствена дејност.”

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари