Секој пациент оди кај матичен доктор по 1,6 пати месечно!
Почитувани сите,
Секојдневно слушаме и читаме за одредени бројки и статистики, за број на телефонски јавувања кај доктори, за број на прегледи кај одредени специјалисти, но никој не кажува колкава е бројка и обемот на работа кај докторите од примарно здравство.
ЗПЛРМ се потруди да направи мала статистика и дојдовме до следните бројки кои се фрапантни:
1545 ПЗУ-а имаат во просек по 80 прегледи на ден по 24 работни дена во месецот.
Дојдовме до бројка од 2 966 400 прегледи на месечно ниво.
Така да по сите математики излегува дека секој пациент оди кај матичен доктор по 1,6 пати месечно.
Дали ова не е аларм за реагирање на здравствените власти?
Со почит
ЗПЛРМ




