Работилница – Практичен пристап на менаџментот на болестите на респираторниот систем
Почитувани,
На 27 и 28 јуни 2015 година во Велес, Хотел Романтик, во организација на ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза и под покровителство на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА туберкулоза и маларија, ќе се одржи работилница под наслов: „Практичен пристап на менаџментот на болеститие на респираторниот систем“. Работилницата е наменета за лекарите кои работат во приватно здравстените установи во градовите Велес, Свети Николе, Неготино и Кавадарци.
Работилницата е акредитирана од МЛД и ЛКМ.
Сите учесници ќе бидат сместени во Хотел Романтик. Трошоците за престој на учесниците и патните трошоци се на товар на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија.
Секој учесник е должен да го потврди своето учество на работилницата најдоцна до 19 јуни 2015 на маил: anapaunova@yahoo.com, или на телефон: 078 48 17 22 (Ана Паунова).
Со почит




