Состанок помеѓу ФЗОМ, Некст Сенс, Прима Медика, Ка Софт и ЗПЛРМ
Почитувани колеги,
На ден 16.06.2015 година се реализираше состанок помеѓу претставници од ФЗОМ, Некст Сенс-програмерска куќа која го одржува софтверот на ФЗОМ,впретставници на Прима Медика, Ка Софт и претседателот на ЗПЛРМ.
Тема беше софтверот – кој го финансира ЗПЛРМ, со чија помош ќе се направи огромно олеснување, поточно, отстранување на хартија од 7 листа по реализирана цел, ќе се намалат тонери, ќе добиеме вредни податоци со кои ќе се докаже огромниот труд на општите доктори во областа на превенцијата од цела низа болести.
Со профункционирањето на овој софтвер контролите на ФЗОМ за цели ќе се вршат електронски и динамиката ќе си ја одредуваат сами.
Понатамошното одржување на овој софтвер е во надлежност на нашиот стратешки партнер ФЗОМ.
Ова е заеднички проект помеѓу ЗПЛРМ и ФЗОМ и е од големо значење за двете страни, бидејќи со помош на сите бројки кои ќе ги добиеме ќе можеме да креираме подобра национална стратегија за нашето здравство.
Обврска на сите нас е веднаш да испратиме податоци од нашите досегашни реализирани цели.
Кај некои доктори не е појавена иконата за превенција на цели-за да се појави притиснете во исто време CTRL+SHIFT+R
Досега овие податоци ги испратиле само 37 доктори.
Ве молам во најкраток можен рок испратете ги Вашите реализирани цели.
Од 2007 година па наваму превентивните цели се печатат, потрошени се тони хартија,големи суми на пари за тонери, принтери.
Некст Сенс се должни да го завршат проектот до 01.07.2015 година. Програмерските куќи Ка Софт и Прима Медика побараа уште еден месец за синхронизација на програмите и од 01.08.2015 година СТАРТУВАМЕ со ЕЛЕКТРОНСКА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЦЕЛИ.
СЕ ПОГОРЕ ЌЕ БИДЕ МИНАТО.
Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова




