Работен состанок во Струмица

На ден 11.6.2015 година се реализираше работен состанок во Струмица помеѓу Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова, координаторот за Струмица Др Елица Станишлевиќ, претставник од Министерство за здравство М-р Саша Иванов, Директор на Здравствен дом Струмица и матични доктори од Струмица и Ново Село.

На работниот состанок се најде решение за недостатокот на доктори за дежурство во Ново Село. Се пријавија доброволци кои ќе помогнат во дежурствата и од јавно здравство и од приватно примарно здравство.
Со посредување на ЗПЛРМ и МЗ се најде решение со конструктивен дијалог.

На претставникот од Министерство за здравство матичните доктори му ги елаборираа другите проблеми, за кои за да се надминат-кажаа дека е потребно да има законски измени.
Се почесто се појавува потреба од времен доктор и временска сестра.

Во интерес на осигурениците да не патуваат во други села или да идат од една во друга амбуланта – многу полесно ќе биде сопственикот да си најде времен доктор или времена сестра. Или во светот познато како парт тајм доктор.
Се наведе да тоа е истиот момент кој го имаат сега во Струмица кога матичните доктори за одредено време и со одреден паричен надомест и со знаење на ФЗОМ и МЗ ќе заменуваат доктори во јавно здравство.

Зошто истото да го нема и во приватното здравство кое е со договор со ФЗОМ?

Состанокот заврши во пријатна атмосфера и со ветување дека се што е дискутирано на состанокот ќе се пренесе во МЗ.

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари