Информација за обуки за матични лекари од МЗ

Почитувани,

Со огромно задоволство Ве информираме дека после неколкумесечните преговори на Здружението на лекари по општа/семејна медицина заедно со Центар за семејна медицина, Медицински факултет и Министерство за Здравство, сите специјалисти по семејна медицина и лекари на доедукација по семејна медицина се ОСЛОБОДЕНИ од обуките кои ги организира Министерство за здравство наменети за матични лекари.

Овие лекари (специјалисти/доедукација) се должни да ислушаат 3 работилници од следниве области: Планирање на семејство, Палијативна нега и Реанимација за кои ќе бидете дополнително информирани преку web страната на Центар за семејна медицина за распоредот, терминот и пунктот во кој ќе се организираат.

Оваа информација почнува да важи веднаш, што значи оние кои се по распоред за слушање на обуките викендов, се ослободени.

На следниот линк можете да го превземете распоредот по пунктови како и официјалниот распоред за работилниците по градови.

obuki za MZ oslobodeni semejna 2015

Со почит,
Центар за семејна медицина,
Медицински Факултет – Скопје

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари