Мисија на СЗО за проценка на состојбата со незаразните болести од аспект на здравствениот систем
Почитувани,
Во рамките на Двегодишниот договор за соработка за периодот за 2014 – 2015, помеѓу Светска здравствена организација (СЗО) и Министерството за здравство, во периодот 01–05 јуни 2015 година ќе се спроведе мисија за проценка на состојбата со незаразните болести од аспект на здравствениот систем, предводена од мулти-дисциплинарен тим на национални и меѓународни експери од областа. Проценката ќе биде спроведена согласно Водичот за проценка на состoјбата со незаразни болести од аспект здравтсвениот систем на СЗО / Европа од 2014 година, кој може да се превземе на следниот линк: http://www.euro.who.int/en/health-topics/Health-systems/primary-health-care/publications/2014/better-noncommunicable-disease-outcomes,-challenges-and-opportunities-for-health-systems.-country-assessment-guide
Со цел да се спроведе проценката во Република Македонија ќе биде неопходна поддршката на голем број на национални експерти кои работат во областа на незаразните болести, како и во областа на здравствениот систем. За таа цел Ве покануваме да земете учество на:
– 01 јуни, 2015 година (понеделник) – ВОВЕДЕН состанок за мисијата кој ќе се одржи во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, во периодот 11.30 – 13.30 часот.
– 05 јуни, 2015 година (петок) – ЗАВРШЕН состанок за презентирање на иницијалните резултати од мисијата, кој ќе се одржи во хотел ТЦЦ Гранд Плаза, во периодот 12.00 – 14.00 часот.
Дополнително, Ве покануваме на состанок на 02 јуни, во периодот од 13.00 – 15.00 во Канцеларијата на СЗО со д-р Таави Лаи, д-р Силвие Стаченко, консултанти на СЗО и д-р Игор Спировски и д-р Гордана Ристовска, СЗО национални соработници, ИЈЗ, како и Неда Милевска, Студиорум.
Ве молиме да го потврдите Вашето присуство за горенаведените состаноци на: PetrusevskaS@euro.who.int. Ви благодариме на соработката.
СВЕТСКА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Скопје




