Лекарите без пари оти пациентите не одат на превентивни прегледи

Парични казни во висина и до 300.000 денари им изрекол Фондот за здравство на некои од матичните лекари поради тоа што не ги оствариле превентивните цели – не биле прегледани сите предвидени пациенти или тие не направиле лабораториски анализа. Само еден лекар не повикал ниеден пациент на превентивен преглед и затоа од Фондот за здравство ќе добие 200.000 денари помалку. А на некои лекари ќе им бидат минусирани 50.000 денари зашто препишале спрејови за астма над квотата што е одобрена од Фондот!

Лекарите се револтирани од висината на казните, а еснафското здружение неодамна итно реагира и до Лекарската комора на Македонија и побара Фондот за здравство да ја преиспита казнената политика. Оттаму, засега, единствено олеснување е што дозволиле плаќање на неколку рати!

Лекарот виновен ако пациентот не се прегледа?!

Лекарите реагираат дека паричните казни се превисоки: – Kазните, односно парите што не ни ги исплатува Фондот по основа на целите, се превисоки, а некои се и нелогични – како може ние да одговараме и парично ако сите пациенти не направиле лабораториска анализа или друг превентивен преглед што сме го препорачале? – реагира матичен лекар.

Од Здружението на приватните лекари на РМ објаснуваат: – Едниот колега, кој е казнет со 200.000 денари, не пуштил ниедно писмо-покана за остварување превентивни цели. Другиот ги повикувал пациентите и ги реализирал целите, но бидејќи тие не се потпишале во картонот, и тој е казнет со 105.000 денари како да не ги остварил и затоа нема да му бидат исплатени 30 отсто од вкупната капитација. Не значи дека докторот не работел, па не ги остварил целите, само што државата нема контрамеханизам ако некој не отиде на превентивен преглед, да има некоја мерка за самиот пациент, како што е во Германија!

Лекарот за тоа не треба да одговара и да биде казнет како кај нас – ако пациентот не направи лабораториска анализа или преглед предвиден со целите, иако и по пет пати сме му дале упат, тој не оди! Некои од Велес, на пример, работат во Скопје, па не сакаат да губат ден за анализи – вели д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението и додава: „Не може да има 100 отсто реализација на целите ниту кај вакцините, а камоли за превентивните прегледи, на пример, никој во јавното здравство не е казнет што опфатот со вакцинација е 95 отсто, а не 100 отсто“.

Таа укажува со какви се` проблеми лекарите се соочуваат: – Еве, колега од Боговиње има лабораторија, во која вложи сопствени пари, но таа се` уште не е во мрежата на јавното здравство и не работи со Фондот. Kако тој да ги реализира целите кога пациентите треба или приватно да платат за анализа или да одат во друго место каде што има државна лабораторија? Факт е дека ја подигнавме свеста со овие прегледи, откриваме и дијабетес и зголемени масти во крвта, по што следствено и ги лекуваме заболувањата. Ние сме столб на здравствениот систем, имаме и по 160 пациенти на ден, работиме и превентива, но државата не ни излегува во пресрет. Тоа и практично се одразува – никој веќе не сака да стане матичен лекар – тврди д-р Чолакова.

Износот што матичните лекари го добиваат за остварување на целите е 30 отсто од вкупната сума што им ја исплатува Фондот.

ФЗО: Не е казна, туку намалување на средствата! Од Фондот за здравство појаснуваат – тоа не биле казни, туку намалување на средствата! – Не се работи за казни, туку за намалување на средствата по основа на неисполнување превентивни мерки и активности што треба да ги прават матичните лекари. За несработено дело не може да се изврши наплата, како што знаете, матичните лекари парите ги добиваат авансно и по истекот на годината, се врши проверка дали навистина се извршени превентивните мерки и активности согласно со договорот – велат од Фондот.

Оттаму објаснуваат дека ако не се извршени целите, намалувањето на средствата се врши во износ на процентот од несработеното, со што се избегнува да се изедначат матичните лекари кои работат и тие што не ги вршат превентивните мерки. За лекарите што не ги исполниле целите, а добиле пари за нив, кои сега треба да се намалат во име на добра деловна соработка, Фондот им овозможи на тие матични лекари средствата да ги вратат на 4 рати, велат од Фондот додавајќи дека лекарите имаат право на жалба до директорот на Фондот.

Препораките од специјалисти причина за казната

– Има пример во која колешката што препишала повеќе спрејови за астма, при што за сите случаи имало и препорака од специјалист, две години по ред за истото ја казнуваат со 53.000 денари – вели д-р Чолакова, а Здружението за ова реагирало и до Лекарската комора.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари