Постапување со фактурирање за странски осигуреници
Почитувани,
Во Упатството за прием , контрола и ликвидирање на извршени здравствени услуги (објавено на веб страната на Фондот), за фактурирање на извршени здравствени услуги во примарна здравствена заштита за странски осигуреници точка 1.5 е
наведено:
Здравствената установа која врши примарна здравствена заштита и итна медицинска помош, за извршената здравствена услуга на странското осигурено лице наплатува партиципација, согласно Одлуката за утврдување на висината на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги и лековите.
Здравствената установа за извршената здравствена услуга на странското осигурено лице, изготвува пресметка за висината на трошоците, по утврдена референтна цена, односно по цена на чинење согласно Ценовникот на здравствените услуги во Република Македонија од мај 1992 година и со искажување на материјалниот трошок согласно упатството на Ценовникот, до донесување на референтна цена.
Во пресметката доколку со Одлуката се пресметува партиципација, истата се искажува и намалува за пресметаната односно наплатената партиципација. Покрај пресметката/ите здравствената установа доставува збирна фактурата и спецификација/и пооделно по странска држава, кои ги доставува до подрачната служба на Фондот каде што е
седиштето на здравствената установа, со приложување на копија од EHIC, односно од ПП, и копија од потпишаната Изјава/Верификација/Образецот, или копија од двојазичниот образец – Потврда за користење на здравствени услуги (давања во натура) за време на привремен престој/упатување на привремена работа во РМ, или копија од Потврдата.
Здравствената установа фактурата, спецификацијата/ите и пресметката/ите за висината на трошоците за користените здравствени услуги за странско осигурено лице, ги доставува во електронска и во хартиена форма до подрачната служба на Фондот, каде што е седиштето на здравствената установа, до 10 – тиот ден од тековниот месец за претходниот месец.
Архиварот во подрачната служба на Фондот при приемот ја заведува фактурата во електронската архива во модулот за прием на фактури, при што ги внесува податоците од фактурата во хартиена форма. По заведувањето во електронската архива, архиварот става број од електронскиот деловодник и дата во штембил на фактурата во хартиена форма и ја предава фактурата, спецификацијата/иите и пресметката/ите до референтот задолжен за следење на фактурата.
Начинот на доставување на електронската форма на фактурата и спецификацијата до воспоставување на фактурирање преку веб порталот на Фондот е со УСБ или СД.
Со почит,
ФЗОМ




