Барања за Анекс договор за 2015 од специјалисти – приватен сектор
Барања за подобар Анекс договор за 2015 година од специјалисти – приватен сектор во договор со ФЗОМ
ПРЕГОВАРАЧИ
Др Горан Денковски
Др Ирина Бухова
Др Мицко Дудучки
Секундарно здравство – приватен сектор.
Ивестиции за простор, опрема (купување и одржување), рационално користење на заработени средства за плати, трошоци, амортизација на опрема и купување нова, членарини, КМЕ во државата и странство,
Секогаш достапни термини за пациенти, грижа за здравјето, препишана терапија која е рационална, по МЗД, со што пациентот и ФЗОМ не се оштетени.
Најголем филтар за намалено оптеретување на терцијално здравство, рационална и брза здравствена заштита, најмало малтретирање на пациентите, без долги чекања за специфични иследувања.
Скоро сите остваруваат од 100-300% повеќе од исплатеното. Буџетот со години е плус или минус 10% награда. Без надеж за нешто повеќе, без сигурност, перспектива.
Бараме:
ребаланс на специјалистички Буџет најмалку за 25 % повеќе на годишно ниво, (како на униформираните припадници на МВР), можност за либерално склопување на нови Договори.
работење до лимит (квота) после тоа приватно (како во апотеките)
специфични испитувања (ехо срце, доплер, холтер, гастроскопии, фиберендоскопии и др) да можат да се наплаќаат дополнително, приватно (како кај физијатрите), без казнувања, регуларно.
Зголемување на партиципацијата 100%
На еден упат од матичен лекар да следи преглед на една регија, дијагноза по МКБ, (како во ЈЗУ).
Казнени одредби;
да не се поголеми од просечна плата по прекршок и да нема раскин на Договор со прва казна.
За член 26 од Договорот, точка 6 да се прецизира што значи „негува добри деловни односи„ да важи и исто како за лекари во ЈЗУ.
За член 29 од Договорот, точка 9 да се исфрли или преправи;
после надминување на договорен износ да може да наплаќа приватно,
(и доколку во два последователни квартала се надминува договорениот износ, а не е извршено покачување на квотата)
За член 30 од Договорот, точка 11, работното време да се почитува само ако се исплатени сите извршени услуги, во спротивно да се исфрли оваа точка.
За член 31 од Договорот, точка 6, за да се почитува оваа точка,
(сите наоди ќе бидат достапни за контрола во пишана или електронска форма во самата ординација, а не постирани преку електронски медиуми. (загрозена е заштита на податоци на пациенти)




