Прашања од ЗПЛРМ до ПРИМА МЕДИКА и одговори
1.Податоците за статус на осигурено лице не се ажурираат веднаш откако ќе се направи уплата.
Постои неусогласеност помеѓу webпорталот и прима медика.
При проверка на статус на осигурено лице, прима медика треба да покажува веднаш по уплатата, за да имаме точен увид.
Податоците кои ги прикажуваме се преземаат од серверот на Министерство за Здравство, а таму пристигаат со еден ден задоцнување, така да тука не сме во можност да интервенираме. Од МЗ ветуваат дека наскоро ќе имаат подобрена синхронизација со ФЗО, па останува да почекаме и ние и Вие да видиме како тоа ќе се реализира. Втората опција која е возможна е проверка на осигурувањето директно во ФЗОМ но тогаш мора за секој пациент да се отчита ЕЗК и тој да внесе ПИН.
2.При внесување нов преглед, треба да се смени означувањето на две места:прв преглед и статус-прво лево поле и прво десно поле. Нема потреба да се клика за една услуга на две места.Треба да се поедностави тоа: да се клика само на едно место.
Ќе биде земено предвид во наредните верзии.
3.Кога осигуреникот менува фирма, а не изгубил право на осигурување,програмот треба да сигнализира дека има промена во податоците. Се случува да испечатиме рецепт, па осигуреникот се враќа многу револтиран дека не сме направиле промена. Ние немаме податок за промена ниту во здравствената книшка, ни пациентот кажал.
Аптеките имаат во софверот таква алатка за проверка.
Значи од бараните информации, можеме да обезбедиме информација дали е променет здравствен број (број на книшка) или матичен лекар. Доколку мислите на ова, може да се имплементира при провека на осигурување да ги проверува и овие информации.
4.Кодекс да известува навремено за истекување на лиценцата на Backup. Немаме увид во сите датуми, пр. мене ми исклучиле без да ме известат. Ќе си платев пред време, тие треба да си пратат фактура.
Прифатено, веќе во наредната верзија ќе биде имплементирано.




