Известување за преговори со ФЗОМ

Почитувани колеги,

Преговорите со ФЗОМ ЗА НОВИТЕ АНЕКСИ се почнати. Понудените анекс верзии вакви какви што се, не се прифатливи.
Преговарачките тимови ќе продолжат да преговараат.

Круцијални барања се:

– Зголемување на капитационен бод

– Воведување на влез кај матичен доктор

– Казнената политика да биде на просечна плата или фиксна, 200 со 400 евра. Не се прифатливи казни на КАПИТАЦИЈА.

– Сумата за лекови да е цела и да не се двои на антибиотици и анксиолитици со хронична терапија.

– Зголемување на буџети за специјалистички ординации. Заради зголемување на обемот на работа за Проектот на Владата за превенција на целокупното население – лабораториите исто така бараат зголемување на нивните буџети.

– Медицина базирана на докази вели дека секогаш треба да се почне со таблетарна терапија, никаде нема дека прв избор на лекување е ампуларна терапија.

– Казни за технички пропусти се неприфатливи.

– Бараме софтвер кој ќе не штити од технички пропусти.

Преговарачките тимови се надеваат дека нашиот партнер ФЗОМ ќе најде начин како да ги промениме нештата на подобро, да го вратиме задоволството при работењето и сигурноста, дека тоа што сме го изработиле сигурно ќе си го добиеме.

– Пакет на услуги, што и колку за оваа капитација.

– Пакет на услуги за гинеколози.

За сите нови моменти, членството ќе биде навремено известено.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари