Приватно и јавно здравство

Почитувани колеги,

Пред Уставот на РМ приватно и јавно здравство се еднакви. Но, дали е така и во реалноста?

Доктор во јавно здравство може да оди на боледување со месеци и кога ќе се врати си продолжува со работата. Едноставно има сигурност и континуитет.

Додека доктор во приватно здравство ако се разболи од некоја потешка болест каде е потребно подолготрајно боледување, има сериозни проблеми со работата и својата егзистенција бидејќи после 6 месеци боледување ако не се врати на работа му ги бришат пациентите и ако истиот се врати после 10 месеци на работа почнува од почеток.
Затоа пациентите ТРЕБА ДА СЕ НА ПЗУ.

Во јавно здравство медицинските сестри можат да се менуваат во смени со различни доктори и различни одделенија, додека во приватно здравство мора да се известува Министерство за здравство и ФЗОМ за секоја промена. Менаџирањето на вработениот кадар треба да се остави да биде на директорите на ЈЗУ И ПЗУ.

Во јавно здравство секој може да пропише колку сака и каква сака терапија согласно режимот за пропишување на лекови и да не сноси никаква одговорност, додека во приватно здравство секој матичен доктор има ограничен буџет за пропишување на лекови по број на пациенти. Должност на секој матичен доктор е совесно да го лекува секој пациент и да му пропишува онолку лекови колку што е потребно. Така ќе го унапреди човековото здравје. Буџетот на ФЗОМ ЗА ЛЕКОВИ НИКОГАШ НЕ Е ПРЕЧЕКОРЕН, бидејќи аптеките имаат квоти за лекови и само толку издаваат фондовски. Но и покрај се, со години наназад постојано има матични доктори кои имаат намалени капитации заради премногу издадени хронични лекови или педијатри кои издале многу антибиотици.

Во јавно здравство постојано читаме за наградени доктори, а во приватно здравство постојано се соочуваме со казнени одредби.

Во јавно здравство кога се казнува здравствен работник, казната е на плата, а во приватно здравство казните се на буџет на ПЗУ. Пола буџет или четвртина.

Во јавно здравство нема казни за технички пропусти додека во приватно здравство има огромен број на казнени одредби за технички пропусти.

Во јавно здравство постојано има донации на апаратури, а во приватно здравство кое работи во договор со ФЗОМ нема донации освен еднаш во 2007 година ЕКГ АПАРАТИ.

Во јавно здравство постојано се зголемуваат платите а во приватно здравство капитациониот бод не е поместен со години.

ДАЛИ НЕКОЈ НАС НЕ ЗАБОРАВИ?

Да се потсетиме,

Сите проекти на оваа Влада почнаа од МАТИЧНИОТ ДОКТОР и успешно се реализираа.

Со почит

ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари