Известување од ЈЗУ У Клиника за очни болести
Почитувани колеги,
За да ги избегнеме секојдневните недоразбирања со пациентите и во интерес на одржување на нашата добра соработка Ве молиме да ги земете во предвид следните укажувања:
Укажување бр.1.
Во врска со новиот „Правилник за начинот на остварување на правото за мобилност и слепило…“ објавен во Службен весник на РМ бр.150 од 14.10.2014 година, Ве известуваме дека:
1. Закажувањето за комисиски преглед за конзилијарно мислење за слепило се врши исклучиво преку матичен лекар во „Мој термин“. (Засега термините се во понеделник и четврток од 15 часот , а се одобруваат и пуштаат во систем на секој 5-ти во месецот))
2. Матичниот лекар е должен да го подготви пациентот , претходно да бидат извршени сите дијагностички офталмолошки прегледи во секундарна зз, ( визус, тонус, периметрија и ехографија)
3. Во „Правилникот…“ да се прочитаат условите кои треба да бидат исполнети за да се иницира барање на додаток за слепило: видна функција од 98% нагоре, прегледот се наплаќа 1250 денари, комисијата е од двајца офталмолози и еден невролог и др.
Укажување бр.2.
Во врска со правото на додаток за нега од друго лице (туѓа нега) , Ве известуваме дека според Член 7 од „Законот за изменување и дополнување на Законот за социјалната заштита“ Службен весник бр.116 /2014 г., Конзилијарното мислење за туѓа нега го издаваат тројца специјалисти офталмолози од : Клиничка болница Битола, Клиничка болница Штип, Клиничка болница Тетово, Градска општа болница 8 ми Септември Скопје.
1. Во ЈЗУ У Клиника за очни болести не е формирана комисија за туѓа нега заради презафатеност со големиот број на пациенти за слепило. Закажувањето за комисиски преглед за конзилијарно мислење за туѓа нега, се врши исклучиво преку матичен лекар во „Мој термин“ во една од горенаведените болници, најдобро е во таа што е најблиску до местото на живеење на пациентот.
Укажување бр.3.
Во врска со прегледите за проценка на вид за ИПК ( инвалидска првостепена комисија), Ве молиме во овие термини да не ги закажувате пациентите кои имаат потреба од конзилијарно мислење за слепило или туѓа нега, затоа што оваа комисија издава исклучиво конзилијарни мислења за ИПК, кои се наплаќаат 2500 денари, се на посебен образец наманет за тоа и се ограничени со возраст од 18 до 65 години.
06.03.2015г.
Скопје
Со почит,
Стручен колегим на ЈЗУ У Клиника за очни болести Скопје




