Писмо од Д-р. Васко Хаџиев
Почитувани,
Како директор на ПЗУ Д-р. Владо Хаџиев, Битола, би Ве замолил да ме информирате за начинот на членување, права и обврски во Вашето здружение и до кога треба да се уплаќа членарината на ЗПЛРМ тековно за годината што доаѓа бидејќи природно припаѓаме на ова здружение и би сакале да бидеме активно вклучени во борбата за нашите права.
Голема благодарност и поздрав до Претседателот Д-р. Дервишова за несебичната поддршка, не само на општите лекари и специјалистите по семејна медицина, туку и на специјалистите по интерна медицина од приватниот сектор кои сеуште чекаат (4 години) за влез во здравствената мрежа.
Со особен респект и почит,
Д-р. Васко Хаџиев
Специјалист по интерна медицина




