Демант на изјавата на Д-р. Слободан Димовски на ТВ 24 Вести

Почитувани,

Би сакала да дадам демнат на изјавата на Др Слободан Димовски кој лично ме навреди и избламира пред цела македонска јавност дека мојата изјава била заради лични придовики. Изјавата е пренесена на ТВ 24 Вести на 24.02.2015. За жал, изјавата е тргната од нивниот сајт и не можеме да ја објавиме. Од телевизијата официјално е побарана изјавата.

Како прво секогаш кога давам изјави се консултирам или се координирам со моите координатори по градови кои се членови на Управниот одбор на ЗПЛРМ. За тоа постојат телефонски разговори како доказ. Друго изјавувам дека никогаш нема да дозволам никој да го нарушува мојот авторитет без докази.

Трето, ќе Ве замолам како редакција и почитувана новинарска куќа секогаш кога ќе земате изјави да сте сигурни со кого разговарате и дали таа личност застапува некого или некој и дал нешто да прочита. Би сакала да Ве замолам да ми ја дадете снимката како доказен материјал. За да координирате здружение и за да бидете реизбран, треба да се има кредибилитет.

Со сопствено возило имам поминато преку 100 000 км низ Македонија за да ја снимам состојбата во Дебар, Ресен,Македонски брод и сите други градови. За да најдам координатори од секој град кои се чесни и авторитети во своите градови и кои имаат свест да се грижат за општото добро на целокупното членство. Во нашето здружение не се зборува за политика туку за проблеми во здравството и приватниот сектор. Јавно се дистанцирам, а и Здружението на приватни доктори од секави политички влијанија.

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари