Парнарџиева си поднесе оставка од лични и човечки причини

Од човечки причини, директорката на Фондот за здравствено осигурување Маја Парнарџиева Змејкова поднесе оставка на функцијата. Веднаш по неа оставка поднесе и вториот директор на ФЗОМ, Џемали Мехази. Ова следи по смртта на Тамара од Велес и бројните реакции и револтот на граѓаните. Парнарџиева во намерата не ја поколеба ниту обдукцискиот наод според кој деветгодишното девојче починало од бронхопневмонија.

– Чекав да се добијат резултатите од судска медицина, за да се констатира причината за смртта, и да се види вистината за овој случај, кој заради се што се случи и пеколот низ кој поминувавме, но и напорите кои претходно ги правевме, а дел од јавноста не ги вреднуваше, сепак целиот мој живот ќе го носам со себе и покрај тоа што сум свесна дека се што можевме, се сторивме, буквално се. Уште еднаш ќе кажам, го разбирам гневот на луѓето, и јас бев гневна, бев буквално срозена. Ве молам овој и вакви случаи да не се политизираат, навистина нема нешто поболно од тоа да се гледа низ призма на политика на ова, изјави Маја парнарџиева Змејкова.

Здружението на приватни лекари не ја прифаќа оставката на Парнарџиева која со нејзиниот тим добро го раководеле секторот и ги разбирале потребите на лекарите.

– Владата не треба да дозволи оставки да поднесуваат оние кои раководат добро со институциите, вели Лилија Чолакова Дервишова.

Инаку, обдукцијата покажа дека девојчето починало од бронхопневмонија. Имала и воспаление на крајниците и бронхитис. Причина за смртта не било искривувањето на рбетот. Ортопедскиот хирург Златко Темелковски вели дека сколиозата не е причина за смртта на ниту еден пациент.

.. Внимателно ги следиме настаните околу смртта на пациентката Тамара Димовска, посебно последниот извештај од обдукцијата што го објави денеска Државниот санитарен здравствен инспекторат. Како ортопед можам да кажам дека сколиозата не е причина за смртта на ниту еден пациент, вели Златко Темелковски

Здравствениот инспекторат ќе проверува дали Тамара воопшто била лекувана од бронхопнеумонија. Според лекарите, ова заболување може да заврши фатално доколку не се прима соодветна терапија.

…Бронхопнеумонија е тешко респираторно азаболување кое бара соодветен третман, вели Оливер зафировски директор на Болницата за берлодробни заболувања во Козле

Целиот случај со Тамара го следи и обвинителството. Денеска се одржа и марш на граѓани кои бараат оставка од Тодоров. На чело со родителите маршираа од Фондот до Министерството.

Извор

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари