Инфо едукативен материјал за здравствени работници – Туларемија

Почитувани колеги,

Адекватно на актуелната состојба со појава на три случаи на туларемија во Македонија, притисокот на јавите гласила и имајќи во предвид дека се работи за болест која не така често се регистрира во Македонија, на следниот линк можете да превземете едукативен материјал за туларемија.

TULAREMIJA_mkd

Материјалот можете да го споделите со сите матични доктори на подрачјето кое го покривате, инфектолозите и колегите од другите гранки на медицината каде може да се појави некој болен од туларемија – зависно од клиничката слика и формата во која болеста ќе се манифестира.

Добро е докторите да ја имаат на ум и оваа болест, можеби малку подзаборавена во смисла дека сепак може да се појави, особено во услови на различни временски непогоди кога глодарите се намножуваат и повлекуваат во куќите (како што е случајот со поплавите во последните денови и недели).

Со почит,
Прим. Д-р. Горданат Кузмановска
Институт за Јавно Здравје на РМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари