Работилници во Институт за ТБЦ – Скопје
Почитувани,
Во Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза – Скопје ќе се одржат две дводневни работилници за општи лекари под покровителство на Министерството за здравство, а организирани од Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија (ГФАТМ) и Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза.
Работилниците се акредитирани од МЛД и ЛКМ.
Работниците ќе се одржат во следните термини:
• 20-21.02.2015 и
• 13-14.03.2015.
За учесниците на работилниците кои не се од Скопје обезбедено е сместување и надомест на патните трошоци во висина на повратна автобуска карта.
Тренинзите започнуваат во петок (20ти Февруари и 13ти Март) во 13:00 часот.
Учеството на работилниците треба да го потврдите на e-mail: anapaunova@yahoo.com каде треба да кажете за која работилница сакате да се пријавите (за кој датум) и дали ќе патувате или престојувате во хотел за време на одржувањето на работилницата.
На следниот линк можете да ја превземете агендата.




