Докторите реагираат против нападите врз нив
Да се заштитат лекарите за да не бидат секојдневно жртви на нервозни пациенти.
Здружението на приватни лекари бара ресорното министерство да превземе итни мерки. Деновиве само во Велес малолетник во воспитно поправниот дом се обиде да го убие домскиот лекар, а пациент вербално нападна стоматолог бидејќи не сакал да чека.
Претседателката на здружението вели дека секојдневно во ординациите доаѓаат нервозни пациенти кои им го нарушуваат редот и работата.
Нападите на двајцата лекари во Велес се пријавени во полиција а против сторителите се поднесени соодветни пријави.
Како лекарите од приватното, така и нивните колеги од јавното здравство често се соочуваат со напади од страна на пациентите.




