Соопштение од ФЗОМ
Со цел за почитување на законските прописи и договорните одредби од договорите кои ФЗОМ ги склучил со здравствени установи аптеки и лекарски ординации, по добиените укажувања и поплаки од здравствени работници од аптеки и лекарски ординации, потсетуваме за обврската на осигурените лица на Фондот за здравствено осигурување на Македонија при секоја посета кај лекар односно аптека со себе треба да ја носат не само ЕЗК картичката туку задолжително и здравствената легитимација.
Потсетуваме дека сега Електронската здравствена картичка (ЕЗК) ги заменува сините картони како доказ за здравственото осигурување.
Со почит,
ФЗОМ




