Прашања од ЗПЛРМ
Почитувани колеги,
Во 2014 година баравме многу нешта кои се суштински за нашето работење, но не беа прифатени.
Да се надеваме дека во 2015 година нешто од тоа ќе се промени на подобро.
1.Пациентите да се на ПЗУ – сеуште се затвораат амбуланти кога си заминува втор вработен доктор. Дали треба да трпи финасиски импликации едно ПЗУ АКО СИ ЗАМИНЕ ВРАБОТЕН, а сопственикот и медицинските сестри се исто квалитетни секој ден во пружањето на медицински услуги?
Дали го има тоа некаде во друга гранка во нашата држава? Дали ако си замине вработен од некое Министерство им се намалува буџетот за работење?
2.Лиценца за работа во мрежа треба да е на ПЗУ!!!
3.Дали е нормално да има неограничен број на влезови кај матичен доктор секој ден, секој месец? Неограничен број на ЕКГ, лаборатории?
4.Зошто не се дозволува примарното здравство да се развива?
5.Дали има визија за примарното здравство или не?
6.Дали ни требаат странски инвеститори во здравството и зошто не им се дозволува на оние кои многу работат, на оние кои се столб на здравствениот систем, оние кои имаат по 16 000 влезови во една година, да заработат и да можат да станат инвеститори во соспствената земја?
7.ЗПЛРМ ИМА ОДГОВОР НА СЕ, но дали има заинтересирани да не слушнат?
8.Зошто има селективни награди во здравството, зошто на примарно ниво нема награди?
9.Купивме нови фискални каси, дадовме К-15, дадовме зголемување на плата, правиме превенција на целата популација, направивме се што се побара од нас.
Сето тоа чини, а кај нас капитациониот бод си стои и си стои во место.




