Известување од ФЗОМ за аптеки и ординации

Почитувани,

Во врска со работењето на приватните здравствени установи (аптеки и ординации) кои имаат договор со ФЗОМ и контролата од подрачните служби на ФЗОМ, во интерес на квалитетно, ефикасно и унифицирано работење согласно договорните одредби и другите законски прописи, по укажување од страна на Фармацевтската Комора на Македонија, Ве известуваме за следното:

1. -на рецептниот образец на ФЗОМ аптеките треба да пополнат референтна цена на лекот со ДДВ, согласно одлуката за референтни цени на лекови на ФЗОМ каде стои референтна цена со ДДВ и одлуката за квотите на аптеките,

2. -на рецептниот образец на ФЗОМ лекарите треба да го запишуваат правилно генеричкото име на лекот. Рецептите со незначителни грешки во генеричкото име на лекот (пример: olanzаpin – olansаpin), се прифаќаат,

3. -аптеките треба уредно да ги пополнат податоците на рецептот. Ако шифрата која се пополнува на рецептот излегува надвор од квадратчињата, тие рецепти да се прифатат

4. -На рецептот треба да се читливи и препознатливи и печатот на ординацијата и факсимилот на лекарот, а доколку не се, тие рецепти не се прифаќаат

5. -полето за количина на лекот на рецептот аптеките треба да го пополнуваат за лекови чии пакувања се делат

6. -во случај кога на рецептот покрај генеричко име е напишано и заштитено име на готов лек, аптеката може да го издаде само тој готов лек со одредено заштитено име со согласност од осигуреникот, без корегирање на рецептот. Осигуреникот има право на информација и избор на готов лек, особено за лековите кои се без доплата.

7. -ако не се читаат последните букви од факсимилот на фармацевтот (пр. вска – ска или ски), а бројот на факсимилот е целосен и препознатлив, тие рецепти се прифаќаат.

За горенаведеното, ве молиме веднаш да ги информирате сите засегнати страни.

ФЗОМ и Фармацевтската Комора на Македонија се сложија со заеднички напори да се работи на максимално подобрување и усогласување на работењето во аптеките, ординациите и контролата од подрачните служби.

За таа цел е договорено да се организираат заеднички обуки во 5 поголеми градови во РМ, според агендата што дополнително ќе биде договорена. За истото навремено ќе бидете информирани.

Со почит,
ФЗОМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари