Примарно здравство

Почитувани колеги,

Сигурно се прашувате зошто никој не реагира кога матичните доктори се жалат дека ова темпо кај нив е неиздржливо?

Деновиве бројот на прегледи е многу висок, преку 100 на ден независно дали сте сами или има двајца доктори.

Сега со електронскиот дневник кој се праќа до Министерство за здравство да се надеваме дека ќе се превземат некои чекори за нормализирање на работата на примарно ниво.

Секаде има светски стандарди и се знае колку влеза може да има во 8 часовно време. Или некој ако работи многу тогаш треба и многу да заработува.

Колку проекти работи секој матичен доктор?

Ало Докторе-кај нас функционира цел живот. Но предноста е кај нас што кога ќе Ви се јави некој Вие ја знаете целата негова историја на болест. По бојата на гласот знаете кој се јавува. Па така и полесно може да се даде совет и терапија.

Мој Термин – по цел ден ни се јавуваат пациенти кои не сакаат да чекаат во чекална, да кога ќе дошле кај нас рецептите и упатите да им се готови. Или додека имаме пациент на кого му е лошо, преку Ало Докторе друг Ви се јавува кој сака внимание или совет. И најчесто сака разговор за неговото здравје.

Никаква одговорност не чувствува вториот пациент за пациентот кој веќе влегол кај Вас.

Реализација на превентивни активности на целокупното население.

Мора да Ви функционира интернет, беспрекорно.
Мора да имате резервни принтери,тонери, топови хартија.
Мора да се внимава да не се испушти ништо во запишувањето бидејќи следат санкции.
Мора да се внимава кој пациент кога подигнал лек и дали сака порано пак да си земе за да има резерва.
Мора да се внимава на режим на пропишување .
Мора да се внимава на крај на ден да испратат лекарски дневник .
Мора да се внимава да не заборават на некој пациент да му се отвори боледување бидејќи телефонски се јавил дека му е лошо.

И да не редам на се што треба да се внимава.
И сега мислам дека сите се прашувате до кога ќе издржиме со ова темпо, со по 130 прегледи на ден. Можно ли е да не се згреши?

ТРЕБА ЛИ СОФТВЕРОТ ДА НЕ ШТИТИ ОД ГРЕШКИ?
ПАРТИЦИПАЦИЈА МОРА ДА ИМА, ВО СПРОТИВНО БРОЈОТ НА ГРЕШКИ ЌЕ БИДЕ ГОЛЕМ, НО И БРОЈОТ НА ДОКТОРИ КОИ СЕ ПОЧЕСТО ЌЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД УЛОГАТА НА МАТИЧЕН ДОКТОР. Со тоа ќе дојде до дестабилизација на примарното здравство.

Со почит,
Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари