Среќна Нова 2015!

Почитувани колеги, доктори, интелегенцијо на РМ,

Чест ми е и задоволство да Ви посакам се најдобро во НОВАТА 2015 ГОДИНА.

На сите колеги кои се болни им посакувам побрзо оздравување, на оние кои се здрави им посакувам уште поголема мудрост за да го одржат здравјето. А на оние колеги кои се пензионираа им посакувам долги години да уживаат во убавините и на тој период од животот.

Визијата да Докторот биде доктор во права смисол на зборот-постои и за таа визија потребно е ЕДИНСТВО НА ЦЕЛАТА ЛЕКАРСКА ФЕЛА.

Живеам за моментот кога РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ќе има голем број на експериментални лаботратории, кога младите доктори ќе имаат чувство дека треба да се вложат во иднината на државата, кога докторите со искуство несебично ќе го предаваат своето знаење на идните генерации, кога докторите ќе имаат доволно средства за сопствено надградување како стручњаци.

За моментот кога ЗПЛРМ, МЗ и ФЗОМ ќе имаат тим билдинг средби на кои заеднички ќе носат одлуки за реформите во здравството на задоволство за сите чинители во здравствениот систем-доктори + пациенти + здравствени власти.

Нека Новата 2015 Година ги претвори сите Ваши желби во реалност!

Со почит
Претседател на ЗПЛРМ
Др Лилија Чолакова Дервишова

Испрати коментар

Мора да бидете најавени за да испратите коментар.

Како да се регистрирам?

Корисни линкови

Министерство за Здравство Фонд за Здравство Лекарска комора

Регистрирај се!
Драмски театар

Барај (Впиши го поимот и притисни enter)

Соопштенија со најмногу коментари