Специјалисти и лаборатории
Почитувани колеги,
Специјалистите и лабораториите не добија денес пари – кои требаше да бидат платени одамна бидејќи се за изработени услуги за месец АВГУСТ:
Лабораториите најавуваат дека ќе запрат со работа – ако вака се продолжи. Немаат платено фактури за реагенси, а нема да можат ни матичните доктори да ги изработат превентивните проверки за цели кај пациентите-холестерол, триглицериди, шеќер, урина и др.
Треба ли вака да биде???
Сите имаат кредити за плаќање……….
Министерство за финансии каде ги има пренасочено парите за специјалистите и лабораториите?
Дали ќе добијат погоре наведените до Нова Година пари за септември 2014 или ќе останат само со пари за АВГУСТ?
Ќе има ли казни за некој во Министерство за Финансии – кој не си ја врши одговорно работата?
Бидејќи кај приватниот сектор има казна ако сте неодговорни за лошо водење на медицинска документација, за препишување на многу лекови, ако не пријавите на време промена на персонал, ако не платите радиодифизна такса, ако не купите на време фискална каса, ако не си водите тетратки за редовност на работа и уште што ли не?
Со почит
ЗПЛРМ




